3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСледните четири викенди богата музичка програма на „Супер Скопје“

Следните четири викенди богата музичка програма на „Супер Скопје“

Секој петок и сабота на различна локација скопјани и посетителите на Скопје ќе имаат можност да ги проследат настапите на голем број музички ѕвезди од домашната и регионалната музичка сцена.

Целосната програма за „Супер Скопје“ ја претставија на прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, директорката на ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, Вера Бошковска, како и дел од изведувачите кои ќе настапат во рамките на манифестацијата.

„’Супер Скопје’ и официјално започна со одржувањето на 10. по ред издание на ‘Пиволенд’ и настапите на белградскиот состав САРС и легендарниот македонски хип-хоп состав САФ. Во наредните 4 викенди на различни локации, и тоа на кејот 13 Ноември, Старата скопска чаршија, улицата Македонија и Боемската улица во Дебар Маало, на скопјани и посетителите на Скопје ќе им понудиме богата програма со голем број изведувачи, многу музика и одлична забава. Иницијативата за ‘Супер Скопје’ произлезе како предлог од сопствениците и менаџерите на угостителските објекти, а истата е во насока на подобрување на состојбата со забавниот живот и понуда во Скопје. Ги повикувам скопјани и посетителите на Скопје да присуствуваат на концертите и одличната забава што ќе им ја понудиме“, кажа градоначалникот Трајановски.

Во продолжение е целосната програма за „Супер Скопје“:

На 18 и на 19 август забавата ќе се организира на кејот 13 Ноември, каде на 18 август (петок) ќе настапи Сергеј Четковиќ, а на 19 август (сабота) ќе настапат Бајага и Инструктори.

„Супер Скопје“ на 25 и на 26 август ќе се префрли во Старата скопска чаршија, каде на 25 август (петок) забавата ќе биде на плоштадот Скендер Бег каде ќе настапат Трикс (Trix), Гоца Тржан, Цена (Cena) и Гоце САФ, а на 26 август (сабота) забавата ќе биде на плоштадот пред „Свети Спас“ каде ќе настапат Офкестра (Offchestra), Фанки Гуру (Funky Guru), Енерџи бенд (Energi bend) и Фиц (Студени нозе).

На 1 и на 2 септември забавата ќе се организира на улица Македонија, каде на 1 септември (петок) ќе настапат Диџеј Баже (Антена 5), Ај Кју (Eye Cue) и Каролина Гочева, а на 2 септември (сабота) ќе настапат Диџеј Дела (DJ Dela), Тамара Тодевска и Нокаут со специјални гости – Игор Џамбазов и Гуру Харе.

На 8 и на 9 септември забавата ќе се организира на Боемската улица во Дебар Маало, каде: на 8 септември (петок) ќе настапат Влатко Илиевски, Синтезис и Фолтин, а на 9 септември (сабота) ќе настапат Нино Величковски и Тамбураши, Љубојна и Џамбо Агушев оркестар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП