21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАУтре се одбележуваат 25 години од формирањето на АРМ

Утре се одбележуваат 25 години од формирањето на АРМ

Утре со почеток во 11 часот во Домот на АРМ во Скопје како дел од активностите за одбележување 25 години од формирањето на АРМ ќе се одржи промоција на монографијата „Воени генерали во Македонија (1941-2017)“, во издание на здружението „Клуб на генералите на Р. Македонија“.

Книгата, чии автори се генералите во пензија Мирослав Стојановски и Борис Стојаноски, е проект кој е поддржан од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија како значајна публикација за воената историја на Република Македонија.

На промоцијата ќе присуствуваат: министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, заменикот на министерот за одбрана, Беким Максути, поранешни министри и началници на ГШ на АРМ, претставници на Асоцијацијата на воени аташеи, голем број високи воени раководители и претставници од МО и АРМ, членови на клубот на генерали и други гости.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП