2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 221 милијарди евра „одлетале“ од Белгија кон даночни засолништа во 2016-та

Над 221 милијарди евра „одлетале“ од Белгија кон даночни засолништа во 2016-та

Вкупно 853 белгиски компании испратиле над 221 милијарди евра минатата година кон даночни засолништа, објави белгиски „Соар“ во своето електронско издание.

Белгија ги одредува Монако, Британските Девствени Острови, Бермудски и Кајманските Острови како држави со непостоечки или ниски даноци. Тие се вклучени во „црната листа“, која обединува 31 земји, прогласени како „даночни засолништа“.

Белгискиот даночен закон ги задолжува сите компании да го декларираат секој трансфер од над 100.000 евра годишно по банкарски сметки или на лица регистрирани во земји од оваа „црна листа“.

Од „Соар“ побарал од даночните служби статистички податоци за таквите декларирани плаќања кон даночни засолништа.

Меѓу првите пет дестинации на белгиските компании е британскиот остров Џерси.

Треба да се напомене дека Сингапур, Панама и Хонг Конг не фигурираат во белгиската „црна листа“, а според весникот „Соар“ би требало го има во предвид сегашниот даночен закон. Луксембург е извадена од списокот во 2016-та година, наведува весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП