25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИдната година филм за Брегзит, Фараж сака да глуми во „Лошите момци...

Идната година филм за Брегзит, Фараж сака да глуми во „Лошите момци на Брегзит“

Во кино-салите идната година би можел да се појави филм за Брегзит вреден 78 милиони долари, а главниот наговарач за излез на Британија од ЕУ, Најџел Фараж, во филмот би сакал да се игра себеси, пишува британски „Сандеј телеграф“. Филмот, како што пишува британскиот весник, би бил снимен на основа на книгата „Лошите момци на Брегзит“ на Арон Бенкс.

Весникот уште во декември напиша дека претставниците на „Ворнер брос“ разговарале со Бенкс. Главните херои, како што пишува „Сандеј телеграф“ би биле поранешниот лидер на УКИП, Најџел Фараж, и американскиот актер Гери Ганстер. Фараж, Бенкс и Ганстер цврсто се залагале за излез на Велика Британија од ЕУ.

Ако сè се одвива според планот, кастингот би можел да се одржи на есен, а снимањето би почнало околу Нова година. Фараџ и Бенкс заедно би биле и продуценти. На „Твитер“ се појавија различни предлози за тоа кој би требало да ја игра главната улога, а Фараж има интересна идеја:
„Мислам дека би требало јас да се играм себеси. Многу сум добар во тоа да бидам јас“, напишал Фараж.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП