3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦУК: Бројот на пожари што беснееја во Македонија се намали на четири

ЦУК: Бројот на пожари што беснееја во Македонија се намали на четири

Бројот на пожари што беснееја во Македонија се намали на четири, соопшти Центарот за управување со кризи.

Од таму велат дека во текот на денешниот ден лица од ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈП „Македонски шуми“ вршат извидување, набљудување и процена на состојбата со пожарите од воздух со хеликоптер.

Забраната за движење во шумите продолжува, а сè уште има и засилени контроли од страна на МВР во соработка со шумската полиција.

Авионите за гаснење пожар на ДЗС се подготвени доколку се процени дека има потреба да интервенираат и се побара таков ангажман.

Пожарите во подрачјето на општина Македонски Брод, во атарот на селата Волче, Заград, Растеш, Здуње, Близанско и Грешница, се целосно изгаснати.

Пожарот кај Јасеновска Глава од страна на село Попадија е локализиран.

Пожарот кај Богомилскиот тунел во текот на вчерашниот ден е ставен под контрола, а пожарот на Бистра Планина е активен на мала површина.

Пожарот во близина на населените места Мажучиште, Мраморани и Горно Село, Прилепско, е ставен под контрола.

Во Струшкиот Регион, кај месноста Тоски, помеѓу селата Богојци и Татеши, избувнат е шумски пожар со кој е зафатена дабова и нискостеблеста шума.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП