5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVisa е подготвена да ги намали меѓубанкарските провизии за 60 %

Visa е подготвена да ги намали меѓубанкарските провизии за 60 %

visa1

Компанијата „Visa“ се согласи да намали одделни меѓубанкарски провизии и до 60 проценти, со цел да ја елиминира загриженоста на Европската комисија поради можното ограничување на рамноправната пазарна конкуренција, беше објавено денеска во Брисел.

Комесарот на ЕУ за пазарна конкуренција Јоакин Алмуња, изјави дека е задоволен со планот на „Visa Europe“ да ги намали провизиите на 0,3 проценти од вредноста на трансакцијата, што претставува намалување од околу 40 до 60 проценти.

Тие се согласија и да ги „променат своите одредби за да ја олеснат прекуграничната конкуренција“, се додава во соопштението.

Алмуња истакна дека „сјајна вест е што Виза одлучи да ги изнесе тие предлози“, со што одговори на нашите приговори.

„Со оглед на важноста на кредитните плаќања… укинувањето на ограничувањата за рамноправно натпреварување во секторот за меѓубанкарски аранжмани е клучен приоритет за Комисијата“, нагласи тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП