2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Гардијан“: Владата на Маргарет Тачер профитирала од заливските војни

„Гардијан“: Владата на Маргарет Тачер профитирала од заливските војни

Ирачката инвазија на Кувајт била искористена како извонредна можност од страна на владата на премиерката на Велика Британија, Маргарет Тачер, да им продаде оружје на заливските држави, пренесува британскиот весник „Гардијан“ повикувајќи се на тајните документи на владата.

Тајните документи што ги објавила Националната архива на Британија откриваат дека за време на избувнувањето на Заливската војна во 1990 година министрите и државните службеници брзале да осигурат британските произведувачи на оружје да може да го искористат предвидениот пораст за побарувачка на воено оружје.

Како што пренесува „Гардијан“, документите вклучуваат доверливи извештаи на Алан Кларк, тогашен министер во Одделението за набавки, одбрана и трговија, кого го испратила Тачер, за времето кога ги посетувал заливските земји спроти војната.

Во писмото, означено како „Тајна“, напишано на 19 август 1990 година, неколку дена откако силите на Садам Хусеин го нападнале Кувајт, Кларк напишал приватен извештај на Маргарет Тачер, во кој го опишал очекуваниот одговор на САД и нивните сојузници како единствена можност за организација за одбранбени извозни услуги, пишува „Гардијан“.

Најновиот годишен извештај покажува дека Велика Британија минатата година добила договор вреден шест милијарди фунти, што е 9 проценти од светскиот пазар, а половина од вкупната продажба е наменета за Блискиот Исток.

За 10 години извештајот ја рангира Британија како втор најголем продавач на оружје во светот, зад Америка, пишува „Гардијан“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП