Општина Центар почна со санација на сутеренските простории на објектот на ООУ „11 Октомври“ во населба Пролет.
Овој дел од училиштето беше оштетен од поплавата минатата година и од тогаш е надвор од употреба.
Покрај овие две училници, ќе се изврши санација и на кабинетите по музичко и ликовно, работилницата, архивата, како и на три помошни простории.
Општина Центар и за ова, како и за другите училишта кои се на нејзина територија, нарача од ЈП„Водовод и канализација “ да направи физичко-хемиска и микробиолошка анализа на квалитетот на водата и инсталациите. Анализата треба да биде готова до почетокот на учебната година. Паралелно со ова се врши пренасочување на фекалната канализација за да се надминат проблемите со затнувањето и непријатната миризба.
Целиот зафат за реконструкција и санација е договаран на средбите на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, со родителите и со наставниците со цел да се создадат сите услови за квалитетен образовен процес.
Градежни активности се одвиваат паралелно и во ООУ „Св. Кирил и Методиј“, ООУ „Коле Неделковски“ и ООУ „Гоце Делчев“.