26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTurkish Airlines купи 95 авиони од Боинг

Turkish Airlines купи 95 авиони од Боинг

turkis1

Американската компанија Боинг успешно ги заврши преговорите за испорака на 95 авиони 737 со турскиот авиопревозник „Turkish Airlines“.

Вредноста на потпишаниот договор е 9,4 милијарди долари, пренесува агенцијата АФП.

Минатиот месец „Turkish Airlines“ соопшти дека првите 20 авиони ќе бидат испорачани до 2016 година, а следната испорака од 20 авиони ќе биде завршена до 2018 година. Потоа, уште 15 авиони ќе бидат доставени до 2019, додека последната испорака на авиони ќе биде завршена до 2021 година.

Бројот на нарачани авиони на „Turkish Airlines“ од Боинг од типот на 787 МАКС, заедно со последната нарачка изнесува 1.285, а вкупниот број на нарачани типови од моделот 737 е 3.100 авиони.

„Turkish Airlines“ во својата флота од 215 авиони од Боинг и Ербас има повеќе од 85 авиони од Боинг од типот 787 „Next Generation“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП