4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГерхард Шредер предложен за директор на рускиот нафтен гигант „Роснефт“

Герхард Шредер предложен за директор на рускиот нафтен гигант „Роснефт“

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер е предложен за независен директор во Управниот одбор на најголемиот нафтен произведувач „Роснефт“ од страна на Русија.

Шредер беше германски канцелар од 1998 до 2005 година, тој е близок со претседателот на Русија, Владимир Путин, и во моментот е претседател на бордот на директори на проектот на „Газпром“ – „Северен тек“.

Руската федерација поседува 50 отсто плус една акција од сопственоста на „Роснефт“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП