19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинатиот пат погоди, сега повторно има црни прогнози

Минатиот пат погоди, сега повторно има црни прогнози

Стив Кин, економист од Универзитетот Кингстон во Лондон, беше еден од експертите кој ја предвиде големата светска економска криза, пишува Ројтерс.

Кин има нови црни прогнози и за тоа го обвинува преголемиот приватен долг, но и предупредува на Кина која има продолжен кредит со годишната стапка од околу 25 проценти.

„Уште една финансиска криза би можела да биде многу блиску ако не се усвои значително поинаков пристап. Премногу сме насочени кон државниот долг, но вистински проблем е оној приватниот“, изјави Кин.

Тој додаде дека кризата во Велика Британија не ја предизвикала потрошувачка на владата.

„Тоа е апсурд. Тоа технички би значело дека владината потрошувачка во Велика Британија предизвикала финансиска криза во САД, што е чиста глупост. Тој пристап ни донесе штедење во последните десет години, што само дополнително ја ослаби економијата“, порача Кин.

Овој пат криза предвидува поради таканаречените „зомби економии“.

„Главна причина за загриженост е она што јас го нарекувам „зомби“ економии, како што се Австрија, Белгија, Кина, Канада и Јужна Кореја“, кои ја избегнаа минатата криза со кредити. Тое сега имаат поголем товар од долгови со кои мораат да се соочат кога ќе стигне следната криза, што би можело да биде меѓу 2017 и 2020 година, наведува тој.

„Кина е посебен случај“, вели Кин и додава дека таа има продолжен кредит со годишна стапка од околу 25 проценти.

„Со долгот на приватниот сектор кој надминува 200 проценти од БДП, најмногу личи на презадолжените економии како Ирска и Шпанија пред 2008 година“, заклучува овој економист.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП