19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната ја притиска Словенија

Еврозоната ја притиска Словенија

slovenija2

Пратениците од еврозоната ја притискаат Словенија да ги заостри мерките воведени минатата недела со цел решавање на банкарските и фискалните проблеми.

Во спротивно таа држава би можела да стане шестиот член на Европската монетарна унија која е принудена да побара меѓународна финансиска помош.

Љубљана минатата недела вети дека ќе продаде 15 државни компании и ќе го подигне данокот на додадена вредност, но не изнесе дополнителни мерки и доцни со мерките за штедење, за кои инвеститорите велат дека се неопходни за стабилизација на јавните финансии, пренесува Ројтерс.

Словенечките банки се дават во лоши кредити, тешки седум милијарди евра и неопходна им е докапитализација.

Германскиот министер за економија Волфганг Шојбле изјави дека Словенија би можела да се извлече без помош, но претставниците на ЕУ сметаат дека мерките кои ги воспостави Љубљана не се доволни.

„Словенија вели дека не и е потребна помош. Мислам дека е во право, но мора да ги спроведе соодветните мерки, што не е лесно, за ниту една земја“, изјави Шојбле.

Словенечката економија е една од најбрзо растечките во економијата, а досегашната влада во Љубљана се воздржува од непопуларната продажба на државниот имот, вклучувајќи ги и банките, како и реформата на системот за социјална заштита и пазари на трудот.

Меѓутоа, ризичните кредити кои се натоварени по глобалната финансиска криза, ја извадија на виделина културата на мито и корупција, па откриено е дека државните банки одобрувале ризични кредити за бизнисмените со политички врски.

Реформскиот план на владата вклучува пренос на 3,3 милијарди евра лоши кредити од трите најголеми банки, „NLB“, „NKBM“, „Abanka“ во новоформираната „лоша“ банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП