16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАThe Economist: Поради Agrokor на регионот му се заканува рецесија

The Economist: Поради Agrokor на регионот му се заканува рецесија

„The Economist“ објави текст во кој го критикуваше „Agrokor“. Авторот се прашува како е можно да пропадне концерн кој речиси има монопол во производството на храна.

„The Economist“ наведува дека сега над Хрватска има „темен облак“ кој има потенцијал да го затресе целиот регион, расипувајќи го оптимизмот кој е поттикнат од добрите туристички бројки и знаците за економски раст.

„„Agrokor“ беше најголемиот приватен концернт во Хрватска и во западен Балкан, но и дека е совршен пример за поврзаноста на државата и бизнисот, како во комунистичка Југославија“, пишува „Economist“ и додава дека основачот на „Agrokor“ живее во дворец и дека бил пријател со првиот претседател, Фрањо Туџман.

Во текстот потоа се опишува како „Agrokor“ со своите 700-тини „Konzum“ маркети е сеприсутен во Хрватска и активен во регионот и дека Тодориќ во април под притисок на долгот и кредиторите компанијата ја препуштил во управување на државата.

Кога би пропаднал „Agrokor“, загрозени би биле околу половина милион луѓе, додека економијата ќе забележи пад и до десет проценти“, пишува „The Economist“ наведувајќи ја изјавата на шефот на „Agrokor“, Анте Рамљак.

Во заклучокот се наведува дека регионот би можел да премине во долга рецесија, од која само што излезе, но се очекува објавата на конечните и вистинските податоци поврзани со финансирањето на најголемата хрватска компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП