1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолем бум во Германија: До 2025 година...

Голем бум во Германија: До 2025 година…

Германската канцеларка Ангела Меркел влезе во последната фаза од својата изборна камања, укажувајки на економскиот раст и просперитет постигнат додека таа била на чело на владата.

Во Дортмунд, на митингот во организација на нејзината Христијанско демократска унија, Меркел изјави дека невработеноста значително опаднала од кога таа е прв пат избрана за канцеларка во 2005 година, јавува АП.

Таа им порача на собраните дека се надева дека полна вработеност, односно невработеност под три проценти, ќе биде постигната до 2025 година.

Стапката на невработеност во Германија изнесуваше 12,6 проценти во 2005 година, а неодамнешната проценка покажува дека невработеноста сега паднала на 5,6 проценти, потсетува АП.

Меркел изјави дека владата и индустријата не смеат да бидат „самозадоволни“, бидејќи технологијата го менува начинот на кој економијата функционира.

Парламентарните избори во Германија се распишани за септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП