23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК почнува преговори со Швајцарија за автоматска размена на банкарски податоци

ЕК почнува преговори со Швајцарија за автоматска размена на банкарски податоци

swiss_1806814c

Министрите за финансии од Европската унија синоќа и доверија мандат на Европската комисија за преговори со Швајцарија за автоматска размена на банкарски податоци за зајакнување на борбата против даночно затајување.

Според швајцарските електронски медиуми, кои се повикуваат на неименуван извор близок до Европската комисија, одлуката била едногласно донесена.

Луксембург побара автоматската размена на инфорамции да биде дел од мандатот на Европската комисија и таквата одлука да стапи на сила од 2015 година.

Предлогот на Луксембург е поддржан од Австрија.

Швајцарија неодамна соопшти дека нема ништо против разговори за проширување на просторот за дејствување во однос на примената на актуелните договори со ЕУ.

Федералниот совет на Швајцарија од друга страна се залага автоматската размена на податоци да стане меѓународен стандард.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП