19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВластите во Дубровник драстично ќе го намалат бројот на туристи - не...

Властите во Дубровник драстично ќе го намалат бројот на туристи – не сакаат да ги снајде судбината на Венеција

Дубровник драстично ќе го намали бројот на посетители што ќе можат да влезат во стариот дел од градот, открил градоначалникот Мато Франковиќ, за британски Телеграф.

Новото ограничување следува по препораките на Унеско, па така наместо досегашните 12.000 посетители, отсега стариот дел ќе може да го посетат само 8.000 туристи дневно.

Ограничувањето, кое ќе трае две години, исто така, се однесува и на бројот на туристи кои доаѓаат во градот со крузери.

„Не сум тука за да ги развеселувам луѓето, туку да го направам квалитетот на живот во градот што подобар. Некои сопственици на крузери нема да се согласат со мене, но мојата главна цел е престојот на туристите во Дубровник да го направам што поквалитетен. Тоа, меѓутоа, нема да се случи доколку состојбата продолжи да биде таква каква што е сега“, рекол Франковиќ.

Тој рекол дека во следните години ќе изгубат милиони, но убеден е дека во иднина ќе заработат уште повеќе.

„Заслужуваме да бидеме топ туристичка дестинација“, рекол градоначалникот.

Тој не сака Дубровник да ја доживее судбината на Венеција и на Барселона, каде масовниот туризам достигна толкави размери што веќе ги доведува инфраструктурата и културното наследство во опасност, а граѓаните почнуваат да изразуваат непријателство кон туристите.

За споредба, во 2014 година во Дубровник пристигнале 463 крузери, во 2015 – 475, а во 2016 – 529 крузери од кои се симнале 799.916 туристи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП