27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција соопшти дека постигнала договор за нафтени истражувања во Северен Ирак

Турција соопшти дека постигнала договор за нафтени истражувања во Северен Ирак

Iraq oil and flag 2011

Турција соопшти дека државната нафтена компанија на земјата постигнала договор со американската компанија Ексон Мобил за нафтени истражувања во Северен Ирак.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека договорот е „чекор кон дупчење за нафта“ во Ирачки Курдистан. Деталите од договорот ќе бидат објавени по неговата посета на Вашингтон.

САД и ирачката централна влада се противат на можноста регионалната влада во Ирачки Курдистан да може да потпишува договори без одобрение од Багдад. Тие стравуваат дека тоа може да го загрози ирачкото единство и стабилност.

Не е познато дали Багдад го одобрил турскиот договор.

Турција, која се стреми да ги зголеми своите енергетски резерви, го поддржува ставот на Курдите дека ирачкиот устав овозможува на нивниот регион извршна власт за потпишување независни нафтени и гасови договори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП