28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради тензиите меѓу САД и Северна Кореја Џеф Безос, Бил Гејтс и...

Поради тензиите меѓу САД и Северна Кореја Џеф Безос, Бил Гејтс и Марк Цукерберг изгубија 4,5 милијарди долари

Конфронтацијата помеѓу САД и Северна Кореја ги чинеше Џеф Безос, Марк Закерберг и Бил Гејтс 4,5 милијарди долари откако паднаа акциите поради зголемување на тензиите меѓу двете земји.

Безос, Гејтс и Закерберг претрпеле огромни загуби затоа што инвеститорите почнале да ги продаваат нивните удели и почнале да бараат сигурни влогови, како што е златото.

Најголем губитник е основачот на Амазон, Џеф Безос, кој неодамна на кратко стана најбогат човек во светот. За само неколку часа тој изгубил две милијарди долари.

Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, е посиромашен за 1,6 милијарди, додека Гејтс изгубил 850 милиони долари од вредноста на неговиот удел во Мајкрософт.

Акциите на повеќе американски компании почнаа да паѓаат откако американскиот претседател, Доналд Трамп, ја предупреди Северна Кореја дека ќе се соочи со оган и бес каков што светот не видел досега ако продолжи да им се заканува на САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП