2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадинката „Кочо Рацин“ во Општина Центар ќе добие јасли

Градинката „Кочо Рацин“ во Општина Центар ќе добие јасли

Градинката „Кочо Рацин“ во Општина Центар доби одобрение од Министерството за финансии да вработи 9 лица, со што повторно ќе се отворат две групи јасли за згрижување на најмладите.

„Претходната власт немаше слух и разбирање, иако повеќе од дваесетина пати директорката и Општината се обраќаа до Министерството за труд и социјална политика, укажувајќи на итноста и сериозноста на состојбата. Педесетина деца до двегодишна возраст чекаа да бидат сместени во групите јасли, иако градинката располага со празни занимални токму за оваа намена“, соопшти Општина Центар.

Според Општината, смената на власта во министерствата веднаш го даде резултатот.

„Освен што ќе се отворат две групи јасли во ‘Кочо Рацин’, по одобрението кое се очекува од Антикорупциската комисија, ќе се отворат и по една група јасли во клоновите ‘Панорама’ и ‘Наум Наумовски – Борче’. На местото на пензионираните кадри, ќе се вработат 7 негователки, еден воспитувач и еден помошник готвач“, соопшти Општина Центар.

Самата градинка, велат од таму, има капацитет за отварање дополнителни две групи јасли за што дополнително ќе се бараат вработувања како замена на лицата кои се пензионирани и пред 2015.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП