2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПреку македонските аеродроми сè повеќе албански државјани патуваат во Европа

Преку македонските аеродроми сè повеќе албански државјани патуваат во Европа

Сè повеќе албански државјани ги користат македонските аеродроми за да стигнат до земјите на ЕУ, каде што потоа бараат азил.

Ова го изјави директорот на албанската полиција, Хаки Чако, давајќи објаснувања за албанските медиуми околу состојбата со албанските државијани кои бараат азил во земјите на Унијата.

Според него, во последно време расте бројот на албански државијани кои преку аеродромите во Скопје и Охрид, летаат кон земјите на Европската Унија, за на полесен начин ја избегнат контролата за влез во земјите на Унијата.

Според Чако и понатаму е голем бројот на албанските државијани кои бараат азил во земјите на ЕУ, и покрај големите контроли кои ги има полицијата на аеродромите, но и на граничните премини.

Претставници на ЕУ бараат официјална Тирана да ги зголеми мерките за стопирање на државијаните за кои се сомнева дека патуваат во земјите на Унијата за да бараат азил. Досега повеќе земји на ЕУ, а посебно Франција и Германија на неколку пати имаат депортирано албански државјани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП