26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради санкциите кон Русија ќе касни изградбата на гасоводот во Европа

Поради санкциите кон Русија ќе касни изградбата на гасоводот во Европа

Новите протурски санкции кои ги воведе САД ја нарушуваат кредитната способност на Газпром и неповолно влијаат на роковите за изградба на гасоводот Северен тек 2 и Турски тек, а на Украина и отвораат можност за зголемување на транзитните такси за рускиот гас, се вели во проценката на Moody’s, пренесуваат руските медиуми.

На крајот на 2019 година истекува договорот на Газпром со Украина за проток на гас, а Moody’s оценува дека американскиот закон за санкциите би можел да ја ослаби преговарачката позиција на руската компанија во преговорите за новите транзитни тарифи.

„Слабеењето на преговарачката позиција на Газпром може да ги зголеми неговите транзитни расходи“, наведува Moody’s.

Украинските гасоводи не задоволуваат

Украинците неколку пати истакнуваат дека нивните гасоводи не се во задоволителна состојба, при што украинскиот министер за енергетика Игор Насалик изјави дека Уктрансгаз би можел да се соочи со технички проблеми поради намалување на инвестициите во модернизацијата.

За крајот на август договорени се консултации со Европската комисија и руското Министерство за енергетика за протокот на гас преку Украина, но ЕК предложи тоа да се одложи за октомври.

„Состојбата на украинскиот гасовор е таква што никако не може среднорочно и долгорочно да се гарантира сигурно снабдување на европските потрошувачи преку украинската рута“, изјави челникот на Газпром, Алексеј Милер.

Тој додаде дека слични оценки од Украина ја докажуваат потребата за воспоставување на алтернативни гасни правци

Санкциите го кочат Турскиот тек и Северниот тек 2

Но, тоа воопшто не е едноставно. Moody’s нагласува дека санкциите можат да ја закочат реализацијата на Северен тек 2 и Турски тек, кои Газпром имаше намера да ги заврши до крајот на 2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП