11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврокомисијата размислува за повлекување на центите од употреба

Еврокомисијата размислува за повлекување на центите од употреба

berlaymontbuilding

Европската комисија соопшти дека сите факти одат во прилог на идејата за повлекување од употтреба на монетите од еден и два цента во земјите од еврозоната, додавајќи дека реакцијата на граѓаните би можела да биде негативна поради стравот дека тоа може да доведе до пораст на цените.

Еврокомисијата оцени дека трошоците за изработка на монетите од еден и два цента до 2020 година би достигнале 1,4 милијарди евра.

Во соопштението на Комисијата се наведува дека реакциите на граѓаните се спротивставени.

– Луѓето од една страна тврдат дека се врзани за тие монети и дека се плашат од раст на инфлација во случај на нивно повлекување, а од друга страна речиси воопшто не ги користат, се додава во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП