3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе заканува голема промена, можно е да се загуби се

Се заканува голема промена, можно е да се загуби се

Разговорите меѓу САД, Канада и Мексико за NAFTA договорот, потпишан во 1994 година, ќе започнат на 16-ти август, наведува агенцијата АП.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп повторно да преговара за Северноамериканскиот договор за слободна трговија (NAFTA) го доведува Мексико во незгодна позиција и му се заканува на системот кој и овозможи на таа земја да стане глевен извозник поради ниските плати, слабите прописи и близината на САД.

Американската администрација ќе ги искористи новите преговори за решавање на големиот трговски дефицит со својот јужен сосед, чии слаби закони во областа на вработувањато, производството и заштитата на животната средина привлекле мноштво фабрики од САД преку границата и покренаа поплава од увоз на телефизори, автомобили и други уреди.

Трамп постојано го критикуваше договорот NAFTA, кој од амерканската страна го потпиша демократскиот претседател Бил Клинтон, и тој изјави дека станува збор за „најголемиот трговски договор“ кои САД некогаш го потпишале и се закануваше дека едноставно ќе ги повлече САД од него.

Договорот исто така го критикуваа и синдикатите кои сметаат дека со тој договор е забрзано преместувањето на работните места кон Мексико, каде работната сила е поевтина отколку во САД.

На американското инсистирање Канада и Мексико се согласија на крајот на април да делуваат брзо и повторно да преговараат за одредбите од договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП