10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрилеп е лидер во легализирање дивоградби

Прилеп е лидер во легализирање дивоградби

Во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп беа доделени 100-ина нови решенија за легализирање на бесправно изградените објекти.

„До овој момент во Прилеп легализирани се над 9.000 дивоградби, со што овој град и понатаму продолжува да го носи епитетот лидер во легализацијата на ниво на Македонија“, посочи градоначалникот Марјан Ристески во изјава за медиумите.

Со легализацијата се опфатени барањата на граѓаните поднесени во 2011 година, како и дел од барањата што се однесуваат на 2016 година од продолжениот рок. Во 2011 година беа поднесени 15.367 барања за легализација, а во 2016 година 3.077.

Реализацијата на проектот во 2016 година во општина Прилеп беше над 60 проценти кога во декември истече крајниот рок за поднесување на елаборатите за барањата поднесени во 2011 година како едни од најглавните документи за решавањето на овие предмети. Краен рок за поднесувањето на елаборатите за барањата поднесени во 2016 година е крајот на оваа година.

До крајот на законскиот рок се очекува реализацијата на проектот да биде околу 80 отсто и да бидат решени речиси 14.800 барања на граѓаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП