17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите ќе гласаат за укинување на доларот

Русите ќе гласаат за укинување на доларот

torn-dollar

Партијата на контроверзниот политичар, Владимир Жириновски наскоро на Думата ќе и предложи постепено да се забрани користењето на долари на територијата на Русија.

Пратеникот од Либерално-демократската партија, Михаил Дегтарјев направил проект-закон за забрана за употребата на американската валута за кој би требало да се изјасни рускиот парламент. Иако големиот број на пратеници во Думата скептично гледаат за иднината на тој закон, прврзаниците на Владимир Жириновски сметаат дека тој треба што побрзо да се прифати.

Доколку законот биде прифатен во наредните две години граѓаните на Русија би можеле да ги продадат своите долари или заменат во друга валута. Потоа доколку кај некого се пронајдат долари ќе остане без нив, затоа што ќе бидат конфискувани во корист на федералниот буџет.

Предлагачот на тој закон Михаил Дегтарјев објаснува дека доларот поради лошата состојба на американската економија е пред колапс, па затоа треба да се заштитат руските граѓани од можниот голем пад на вредноста на „зелените“ банкноти.

Девизните резерви на Русија

Русија во моментов има повеќе од 520 милијарди долари државни резерви. Поради опасноста да се има резерви само во една валута руското раководство одлучи да има девизни резерви во различни валути. Па така руската пропорција изгледа вака: 40 проценти резерви во евра, 40 проценти во долари, а 20 проценти се во останати валути. Инаку за еден долар сега се добиваат 31.2 рублји, а за евро 40.7 рублји.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП