Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,300.00 0.04%    GRNT 820.77 1.32%    KMB 5,051.35 0.95%    MPT 37,423.15 1.12%    MTUR 4,600.00 2.22%    OHB 6,426.63 -0.24%    OKTA 4,149.00 4.87%    POPK 14.00 0%    REPL 63,000.00 0%    RZLE 37.00 5.71%    RZLV 72.27 3.24%    RZUS 137.71 -0.25%    SBT 2,000.00 -4.25%    STB 951.72 0.07%    TEL 275.00 0%    TETE 2,224.70 -2.85%    TNB 13,774.92 1.56%    TTK 954.62 0.49%    UNI 2,556.67 0.56%    ZPKO 2,857.00 -0.03%    

Како неуспехот да го завртите во успех?

Време: 12:56

Датум: август 11, 2017

Категорија: КАРИЕРА

Неуспехот делува така што демотивира и депримира, па дури и растажува. Факт е дека и неуспесите се составен дел од животот и не е секогаш можно да се избегнат, бидејќи човекот не е во состојба да ја контролира секоја ситуација и исходот од таа иста ситуација.

Психолозите во последните години развија методи за надминување на негативносто чувство од неуспехот, преку адаптација и претворање на тешкото и болно искуство во нешто конструктивно и корисно.

Ова се 6 интересни факти за неуспехот кои ќе ви помгонат подобро да го разберете, да го прифатите и од него да создадете успех…

1. Неуспехот прави истата цел да делува помалку достижно, бидејќи автоматски ја нарушува перцепцијата за зацртаните цели, продлабочувајќи го јазот меѓу вас и вашите планови. Целите се еднакво достижни како и претходно, но кај човекот доаѓа до промени во размислувањето, бидејќи ја губи самодовербата, чувството за моќ и мотивацијата. Однесувајте се како неуспехот да не се ни случил, игнорирајте ги негативните мисли кои ви го отежнуваат патот до успехот.

2. Неуспехот ја нарушува вашата перцепција за сопствените способности. Освен што прави целта да делува помалку достижна, влијае и на вашето видување за подготвеноста да го остварите тоа што сте го планирале, а своите вештини и интелигенција ги гледате како значително послаби отколку што тие всушност се. Пробајте да го отстраните овој притисок и не се сомневајте во тоа што го можете и знаете.

3. Неуспехот прави да се чувствувате беспомошно. Едно од најчестите и најнепријатни чувства кои луѓето ги имаат по неуспехот е беспомошноста, бидејќи неуспехот педизвикува емотивна болка. Еден неуспех не значи една година или една деценија неуспех, затоа, што поскоро заборавете на она што било и претворете го во иден успех.

4. Неуспехот може да создаде потсвесен страв од неуспех. Некои луѓе мислат дека се плашат од успехот, а всушност се плашат од неуспехот, па затоа не се ни обидуваат да достигнат некои цели. Проблемот со стравот од неуспех е во тоа што тој не е рационален ниту оправдан, а ве запира во постигнувањето на успехот. Фокусирајте се на реални, рационални факти и она што го знаете, умеете и можете да го промените, односно остварите, не мислејќи на неуспесите или грешките од минатото. Гледајте напред!

5. Неуспехот често води до несвесна самосаботажа. Еден од најчестите начини на кои луѓето се обидуваат да се изборат со неуспехот е измислување на изговор и ситуација која може да ги оправда зошто не успеале, а потоа доаѓа до појава на психосоматски симптоми како што е главоболка, болки во стомакот, психолошка криза. На овој начин ги саботираат своите напори и ја зголемуваат веројатноста да не успеат во намерите.

6. Стравот од неуспех може да се пренесе од родителите на децата. Истражувањата покажуваат дека родителите кои имаат страв од неуспех, на свите деца несвесно можат да им пренесат остри реакции или емотивно повлекување, како и став дека неуспехот е неприфатлив.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Не сте задоволни од својата кариера? Овие три прашања треба да си ги поставите!

    Не сте задоволни од својата кариера? Овие три прашања треба да си ги поставите!

    Секој од нас доаѓа до период во кој се соочува со криза во својата кариера, кога ќе наидат такви периоди потсетете се дека за се…

  • Колку е опасно прекувременото работење?!

    Колку е опасно прекувременото работење?!

    Имено, од 57.000 испитаници, дури 70% од нив работат и кога ќе дојдат дома по работната смена, а тоа може негативно да се одрази на…

  • Краткорочните цели се клучен фактор за оствaрување на вашата визија (видео)

    Краткорочните цели се клучен фактор за оствaрување на вашата визија (видео)

    Кога станува збор за животот и кариерата, од суштинско значење се краткорочните цели иако во тој поглед се доста потценувани, бидејќи луѓето целото внимание го…

  • Ќерката на Претседателот Трамп го откри „клучот на успехот“

    Ќерката на Претседателот Трамп го откри „клучот на успехот“

    Иванка Трамп во едно излагање ја откри тајната на успехот, погледнете што таа ги посоветува сите оние кои сакаат да успеат на полето кариера. Поранешната…

  • Плавушите се поуспешни на своето работно место?!

    Плавушите се поуспешни на своето работно место?!

    Плавушите имаат поголема самодоверба и афинитети кон сексот, додека бринетите се поуспешни, психолозите направија неколку истражувања со цел да се дознае односот помеѓу бојата на…

  • Овие нешта направете ги при крајот на работното време

    Овие нешта направете ги при крајот на работното време

    Пред да го напуштите работното место, по завршувањето на работните часови, постојат неколку нешта кои треба да ги направите… 1. Листа Направете листа од сите…

  • Пофалбите се излезени од рајот!

    Пофалбите се излезени од рајот!

    Можат да се упатат со помош на зборови, но тоа може да биде и прегратка, топол поглед или стисок на раката. Најчесто очекувањата и пофалбите…

  • Овие професии сериозно го загрозуваат здравјето на луѓето

    Овие професии сериозно го загрозуваат здравјето на луѓето

    Неодамна е спроведено истражување кое покажува дека одредени видови на работа можат сериозно да му наштетат на човековото здравје. Со истражувањето се опфатени околу 1.600…

  • Неколку квалитети кои ќе ве направат одличен работник

    Неколку квалитети кои ќе ве направат одличен работник

    Иако многу истражувања го покажуваат она кое веќе го знаеме, понекогаш поради нив работите ги гледаме од друга перспектива. Едно од нив е националното истражување…

  • Од вашите вработени не ги барајте овие нешта

    Од вашите вработени не ги барајте овие нешта

    Да бидете надредени значи да бидете пример за другите. Истовремено, тоа што сте надредени не значи дека може да барате што ќе посакате од своите…