3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку се популарни луксузните патувања со брод во ЕУ?

Колку се популарни луксузните патувања со брод во ЕУ?

Околу 7 милиони патници патувале со брод во Европската унија во 2012-та и во 2013-та година.

Сепак, во 2014-та година, бројот на патниците, кои го започнале своето крстарење од земја-членка на ЕУ, се намалува до 5,7 милиони лица.

Во 2015-та година, сепак нивниот број повторно се издига до 6.2 милиони лица, покажуваат податоците на европската статистичка централа „Еуростат“.

Во 2015-та година дури 70% од љубителите на патувања со брод користеле главно три држави за појдовна точка.

2.2 милиони лица, или 35% од сите патници се качиле на крстарење од пристаништата во Италија, 1.2 милиони патници или 19% од вкупниот број, за појдовна точка ја користеле Шпанија, а 1 милион лица, или 16% од вкупниот број, тргнале од Велика Британија.

Овие три земји се значително пред другите земји-членки на ЕУ во однос на крстарењата.

За споредба, на четвртото место се наоѓа Германија со само 0,6 милиони патници, следена од Франција (0,5 милиони патници), Белгија (0.2 милиони) и Грција (0,2 милиони лица).

Пристаништето во Саутемптон е апсолутен лидер во однос на најчесто користената појдовна точка за крстарења.

Оттаму се поаѓаат 829.000 туристи во 2015-та година, а британскиот град е следен од Барселона, Шпанија (685.000 лица) и Венеција, Италија (657.000 патници).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП