5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска: Денес почнува примената на пониски такси за увоз на овошје и...

Хрватска: Денес почнува примената на пониски такси за увоз на овошје и зеленчук

Како што вчера беше најавено, денеска во Хрватска ќе биде вратен во сила стариот правилник, со што трошоците за контрола на квалитетот на овошјето и зеленчукот од трети земји остануваат 90 куни, односно 12 евра за производ.

Со ова трошоците се намалуваат од 2.000 на 90 куни.

Одлуката на Хрватска доаѓа по само три дена од заедничкиот состанок на надлежните министри од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и од Црна Гора, што се одржа во понеделникот во Сараево.

На состанокот беа донесени заеднички заклучоци и тие беа пратени до Европската комисија и до Хрватска.

„Повлекувањето на правилникот е резултат на брзата реакција на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ, со цел што побргу да се најде решение за проблемот со кој се соочија македонските извозници во Хрватска по најавите за зголемување на трошоците за контроли при извоз во оваа земја“, соопшти МЗШВ.

Одлуката на Хрватска за враќање на старите цени за инспекциски контроли за увоз на зеленчук и овошје од трети земји е позитивна за македонските компании што извезуваат во Хрватска.

Следниот месец е договорен состанок на надлежните министри од регионот во Скопје, на кој ќе се разговара како да се отстранат бариерите што ја загрозуваат слободната трговија на добра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП