29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот на европските аеродроми се зголеми за 9% во првото полугодие

Сообраќајот на европските аеродроми се зголеми за 9% во првото полугодие

Сообраќајот на европските аеродроми се интензивирал со 9 отсто во првите шест месеци од годинава, што е без преседан од над десет години. Постои значителен раст, откако некои пазари силно настрадаа поради нападите во 2016-та година, соопшти генералниот директор на европската поделба на Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International – ACI) Оливие Јанковек, цитиран од „AFP“ и медиуми.

„ACI“ – Европа претставува над 500 аеродроми од 45 европски земји.

Големото интензивирање на аеродромскиот сообраќај се објаснува со растот во погодените од нападите во 2016-та година земји (Франција, Велика Британија, Германија, Белгија и Турција), обновата на силната побарувачка во Русија и во помал степен во Турција, подобрувањето на економската ситуација и цените на нафтата, се намалиле под 55 долари за барел, забележува „ACI“.

Петте најголеми европски аеродроми остварија зголемување на сообраќајот со 4,3% во првото полугодие (наспроти едвај 1,6 отсто во 2016-та година). На чело се Амстердам-Шипхол (+8,7 отсто), Париз-Шарл де Гол (+5,2 отсто) и Франкфурт (+4,5 отсто).

Лондон-Хитроу оствари зголемување на сообраќајот со 3,9 отсто и покрај презаситеност со патници. Сообраќајот на Истанбул-Ататурк, кој стана цел на атентат во 2016-та година, сепак изгубил 1,1 отсто.

Средните аеродроми и споредните аеродроми се со силно зголемен сообраќај благодарение на динамиката на нискотарифните и неевропските традиционални авиокомпании. Сообраќајот на Рејкјавик/Кефлавик (Исланд) скокна за речиси 40 отсто, во Санкт Петербург (Русија) – со 26 отсто, во Киев (Украина) – со 29,4 отсто, а Анталија (Турција) – со 29, 2 отсто.

Според Јанковек изгледите до крајот на годината се „многу позитивни“ во очекување да продолжи економскиот раст и на резервираната цени на нафтата“, под услов дека нема нови геополитички турбуленции“.

„„Brexit“ останува главна загриженост за многу од раководителите на аеродроми во предвид нејаснотиите околу преговорите“, забележува тој.

Според него со приближувањето на крајниот датум за излегувањето на Велика Британија од ЕУ во март 2019-та година, ако не биде постигнат никаков напредок во следните месеци, постои опасност да се појават негативни ефекти за авијацијата уште наредната година.

Недостатокот на договор во рамките на „Brexit“ може да ги загрози правата на британските компании да се движат слободно во европското небо.

„EasyJet“ најави дека ќе создаде во Виена европски партнер, „EasyJet Europe“, за да може да продолжи да лета непречено во цела Европа, без разлика дали Велика Британија ќе излезе од заедничкиот европски воздушен простор при „Brexit“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП