28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈужна Кореја би можела да биде првата земја која ќе ги оданочува...

Јужна Кореја би можела да биде првата земја која ќе ги оданочува роботите

Поради се поприсутниот страв дека роботите ќе ги заменат луѓето на голем број работни места, Јужна Кореја би можела да биде прва држава во светот која ќе воведе данок на роботите, пишува Машабле.

Со новиот предлог ќе се намалат даночните бенефиции кои ги уживаат компаниите поради инвестирање во автоматизацијата, што значи дека не се однесува на директно собирање на данок од роботите, туку власта сака инвестициите во роботиката да ги направи помалку привлечни за компаниите.

Најголемата концентрација на роботи се наоѓа токму во Јужна Кореја, во која на секои 10 илјади вработени во преработувачката индустрија доаѓаат 531 повеќенаменски роботи.

Дека постои причина за загриженоста поради автоматизацијата поради која овој потег се чини за логичен говори фактот дека во оваа земја во моментов е највисока стапката на невработени во последните 17 години, без работа се 1,17 милиони луѓе.

Тешко е да се каже дека порастот на невработените е директно поврзан со зголемениот степен на автоматизација, но средствата заштедени од намалување на даночните олеснувања би се вложиле во социјални програми.

Ова не е прв таков предлот, имено уште во февруари Бил Гејтс, сугерираше слични мерки со аргументи дека роботите би требало да се оданочуваат со подеднаква стапка како и човековите работници.

Моменталниот даночен закон на Јужна Кореја истекува оваа година, по што новите мерки би можеле да стапат на сила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП