15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПосле само 8 месеци, смена на челото на Lego

После само 8 месеци, смена на челото на Lego

Данската компанија „Lego“ го именуваше Нилс Кристијансен на функцијата генерален директор, на кој досега се наоѓаше Бали Пад, соопшти производителот на играчки.

Кристијансен од 2008 гoдина па до минатиот месец бил генерален директор на данскиот производител на термостати, компанија „Danfoss“, јавува агенцијата Ројтерс.

Пад, кој пред осум месеци ја презема должноста генерален директор на „Lego“, беше првиот странец на челото на оваа данска комапнија.

Тој сега ќе ја преземе функцијата специјален советник во „Lego“, се наведува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП