20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната плата во Бугарија 533 евра

Просечната плата во Бугарија 533 евра

Просечната месечна нето плата во Бугарија исплатена во вториот квартал изнесувала 533 евра и за речиси 10 проценти е поголема во однос на истиот период минатата година, наведуваат од Националниот статистички институт.

Најголеми плати примиле вработените во секторот за информациони технологии и комуникации 1,183 евра, финансии и осигурување 931 евра и производство и дистрибуција на електрична и топлотна енергија и гас 907 евра.

Најниски плати имале вработените во секторите хотелиерство и угостителство 326 евра и градежништво 408 евра.

Најголемо зголемување на заработката е регистрирано во областа промет со недвижнини за 16 проценти, административни и помошни дејности за 1,4 проценти и во професионалните дејности и научни истражувања за 3,2 проценти.

Во однос на истиот период минатата година просечната месечна плата во вториот квартал во јавниот сектор е зголемена за 8,1 проценти, а во приватниот за 10,6 проценти.

Според податоците на Националниот статистички институт во Бугарија на крајот на јуни биле вработени 2,34 милиони луѓе, што е за 63,400 или 2,8 проценти повеќе во однос на истиот месец минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП