18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуристичкиот бум во Германија изгледа ќе продолжи осма година по ред

Туристичкиот бум во Германија изгледа ќе продолжи осма година по ред

Изгледа и во 2017-та година германскиот туристички бум ќе продолжи за 8-ма година по ред, бидејќи бројот на ноќевањата во земјата се зголемил во јуни.

Ноќевањата во најголемата економија на Европа во места со десет и повеќе кревети и кампови со над 10 места за шатори, се зголемија за 10% до 45,7 милиони во јуни во однос на истиот месец од минатата година, соопшти германската статистичка служба.

Внатрешните патувања скокна за 11% во јуни, а бројот на странските туристи е зголемен за 3%.

Туризмот, мерен преку ноќевања бележи раст од 3 отсто до 205,1 милиони во првите шест месеци од годинава во однос на истиот период од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП