6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВремето денес сончево и многу топло, температурите до 40 степени

Времето денес сончево и многу топло, температурите до 40 степени

Сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во источните од јужен правец.

Минималните температури ќе се движат од 14 до 22 степени Целзиусови, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со вредност 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи до 20, а највисоката дневна температура преку денот ќе достигне до 40 степени.

Во сабота во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура се уште ќе се задржи висока. Во вечерните часови и преку ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд и грмежи, а најобилни врнежите се очекува да бидат во североисточните делови.

Во недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, на места и за повеќе од 10 степени во однос на сегашната.

Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП