12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе зајакнува партнерството меѓу Агенцијата за млади и спорт и Националниот младински...

Се зајакнува партнерството меѓу Агенцијата за млади и спорт и Националниот младински совет

Партнерството меѓу Агенцијата за млади и спорт и Националниот младински совет на Македонија се зацврстува. Денеска се одржа уште една средба во рамките на редовно воспоставената соработка. Се разговараше за претстојниот меѓународен Ден на младите, креирањето на новиот буџет на Агенцијата за млади и спорт и актуелни прашања поврзани со младинските политики.

Во организација на АМС и НМСМ в сабота се организира отворен настан во Градскиот парк („Школка“) со почеток во 18 часот. На настанот ќе се одржи дебата за младинската гаранција и ќе следува музички дел со бенд и диџеи. На овој настан за млади ќе се потпише и меморандум за соработка меѓу АМС и НМСМ.

„На работната средба се дискутира и за проектите за 2018 година. Се предвидуваат значајни активности за промоцијата на младинската гаранција, доближувањето на оваа мерка до секој млад човек, моделот на соработка меѓу државните институции и приватниот сектор. Се разговараше и за зголемена помош за лицата со инвалидитет, каде што покрај подобрување на условите, потребно е и нивна дополнителна вклученост во општествено-политичките процеси. Овие лица значително ќе бидат претставени во новиот буџет“, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП