3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTata Steel отпишува средства вредни 1.6 милијарди долари

Tata Steel отпишува средства вредни 1.6 милијарди долари

resize (3)

Индискиот производител на челик „Tata Steel“ кој е водено и еден од најголемите во светот објави дека поради падот на побарувачката на европскиот пазар ќе отпише средства вредни 1.6 милијарди долари.

Компанијата во финансиската 2012-та година оствари приходи од 26 милијарди долари, а актуелниот отпис го објаснуваат поради слабите економски и пазарни услови во Европа, кои според нивните прогнози ќе продолжат и понатаму.

„Tata Steel“ во 2007-та година го купи британско-холнадскиот гигант „Corusa“ за 13.7 милијарди долари, а во последно време има проблем со подобрување на бизнис резултатите во европското одделение, поради должничката криза во евро-зоната.

Европа изнесува околу две третини од продажбата и производството од нивното производство на челик.

„Компанијата очекува безготовински отпис на добра волја и средства за консолидирање на финансиските извештаи за годината што завршува во износ од околу 1.6 милијарди долари“, изјавуваат од „Tata Steel“.

„Tata Steel“ е дел од конгломератот „Tata“ кој има производство на широк спектар на производи „од игла до локомотива“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП