6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранкот со најголем еднодневен раст

Франкот со најголем еднодневен раст

Швајцарскиот франк оствари најголем еднодневен раст во однос на еврото од јануари 2015 година, кога централната банка ја укина горната граница за девизниот курс на франкот.

Трговците велат дека многу хеџ фондови ги намалиле своите вложувања во еврото поради загриженоста по повод се поголемите тензии меѓу САД и Северна Кореја.

Швајцарскиот франк е традиционално сигурно скривалиште за инвеститорите.

Франкот зајакна за 1,4 проценти на 0,96111 фрнаци во однос на еврото во текот на претпладневното тргување.

Според доларот, „швајцарецот“ зајакнал за 0,6 проценти и се тргуваше за 0,9688 франци за долар, со што направи пресврт на двонеделниот тренд со пад.

Доларот ослаби во однос на јапонскиот јен, кој исто така се смета за сигурна валута во време на геополитичката криза.

Доларот се тргуваше за 0,3 проценти во падот на 109,94 јени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП