Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,300.00 0.04%    GRNT 820.77 1.32%    KMB 5,051.35 0.95%    MPT 37,423.15 1.12%    MTUR 4,600.00 2.22%    OHB 6,426.63 -0.24%    OKTA 4,149.00 4.87%    POPK 14.00 0%    REPL 63,000.00 0%    RZLE 37.00 5.71%    RZLV 72.27 3.24%    RZUS 137.71 -0.25%    SBT 2,000.00 -4.25%    STB 951.72 0.07%    TEL 275.00 0%    TETE 2,224.70 -2.85%    TNB 13,774.92 1.56%    TTK 954.62 0.49%    UNI 2,556.67 0.56%    ZPKO 2,857.00 -0.03%    

Кои држави ги забрануваат автомобилите со бензински и дизел мотори?

Време: 13:11

Датум: август 10, 2017

Категорија: АВТОБИЗ

Во последно време автомобилите со мотор со внатрешно согорување како да се под опсада – постојано се слушаат гласови како ќе биде забранета нивната продажба во цели држави, а одделни градови планираат да не ги дозволуваат на својата територија. Овие забрани веќе се претвораат во значаен фактор при купувањето на автомобил, затоа сега сумираме кои земји и градови се погодени досега.

Дали знаете кои држави ќе забрануваат бензинот и дизелот?

Неодамна францускиот министер за eкологија Никола Хуло објави дека од 2040-та година во земјата се забранува продажбата на нови автомобили со бензински и дизел мотори во Франција. Овие автомобили нема да исчезнат веднаш, нивните сопственици ќе ги користат додека даноците не станат премногу високи, по што ќе ги дадат за рециклирање или ќе ги продадат некаде во Источна Европа.

Кои други земји сепак влегуваат во листата на земји кои планираат забрана на продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување? Во позадина на медиумската врева ќе се зачудите колку е кратка оваа листа, но вистината е дека таа има огромен потенцијал да расте, и тоа многу брзо.

Во Велика Британија подготвуваат забрана, идентична со онаа во Франција – од 2040-та година на пазарот на Островот да се продаваат само нови автомобили кои емитуваат нулта емисија.

На чело сепак во походот против загадувањето на природата од возила е Норвешка. Државата, позната по високиот стандард на живот и нетрпеливоста на жителите кон корупцијата, планира да ја забрани продажбата на нови автомобили со бензински и дизел мотори уште во 2025-та година.

Не заборавајте дека Норвешка поседува големо нафтено поле, главно под вода, но веќе 24% од автомобилите во земјата се електрични. Засега во клубот влегуваат само развиени земји.

Следните дополнувања само ќе го потврдат тоа – Холандија планира таква забрана од 2025-та година. Истата мерка, но од 2030-та година се дискутира и во Германија, засега сепак идејата наиде на многу силен отпор, како главен аргумент е дека огромната дел од струјата таму се произведува од јаглен, т.е повторно е загадување на природата. Но пак германските автомобилски компании веќе цврсто презедоа курс кон електрификација, па и забраната таму е прашање на време.

Единственото изненадување во оваа листа е Индија. Планот тука е повеќе од екстремен – индиските власти планираат до 2030-та година автомобилите со бензински и дизел мотори да исчезнат целосно од локалните патишта. Многу аналитичари сметаат дека тоа нема да се случи, едноставно затоа индиската економија не може да си дозволи толку голема промена.

Според „ING Bank“ во 2035-та година електричните возила ќе држат 100 проценти од пазарот на нови автомобили во Европа.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • BMW Series 8 Coupe од сите агли (видео)

    BMW Series 8 Coupe од сите агли (видео)

    Германскиот производител објави три видеа со детални снимки од своето ново луксузно купе. „BMW“ на средината на јуни претстави ново големо купе и така официјално…

  • Повторно победник: Opel Zafira шампион за вредност за 2018

    Повторно победник: Opel Zafira шампион за вредност за 2018

    Експертите на Schwacke повторно ја потврдуваат остаточната вредност на лидерот во класата на компактни ванови Opel ADAM и InsigniaGrandSport исто така се на подиумот Риселсхајм.…

  • Порасна најмалиот Audi: Претставен новиот A1 Sportback (фото+видео)

    Порасна најмалиот Audi: Претставен новиот A1 Sportback (фото+видео)

    По неколку објавени фотографии на интернет, „Audi“ официјално го претстави новиот модел „А1“ за 2019-та година. Обновениот хечбек е различен од неговиот претходник, како во…

  • Nissan Qashqai ќе има две хибридни верзии

    Nissan Qashqai ќе има две хибридни верзии

    Следната генерација на пазарниот хит „Nissan Qashqai“ нема да добие дизајн кој е различен од сегашната генерација, но ќе има големи промени во погонот. Пазарното…

  • Ford пронајде начин како да ги заштити велосипедистите (фото+видео) 

    Ford пронајде начин како да ги заштити велосипедистите (фото+видео) 

    Компанијата „Ford“ претстави прототип на „паметна“ облека која ќе им овозможи на велосипедистите да патуваат посигурно. Благодарение на тоа, тие ќе можат да користат сигнали…

  • Mercedes го возеше EQA низ Сицилија (видео)

    Mercedes го возеше EQA низ Сицилија (видео)

    За неколку години „Mercedes“ ќе започне со испорака на својот прв целосно електричен автомобил од „C“ сегментот Најавен како „Concept EQA“ во текот на минатата…

  • BMW го претстави серискиот Series 8 (фото+видео)

    BMW го претстави серискиот Series 8 (фото+видео)

    Германскиот производител на „BMW“ официјално го претстави новото купе кој ќе се нарекува „Series 8“. Дизајнот на автомобилот е во стилот на истиот концептен модел…

  • Ford Mustang Shelby GT350 зa 2019-та (фото)

    Ford Mustang Shelby GT350 зa 2019-та (фото)

    „Ford“ го подобри моделот „Mustang Shelby GT350“ зa 2019-та, a во центарот на вниманието беа аеродинамиката, шасијата, суспензијата и гумите. Речиси ова е истиот автомобил…

  • Taycan е првиот целосно електричен спортски автомобил на Porsche (фото+видео)

    Taycan е првиот целосно електричен спортски автомобил на Porsche (фото+видео)

    Иднината на електричната мобилност е уште еден чекор поблизу: Сериското производство на првиот целосно електричен автомобил на Porsche ќе започне следната година. Концептот Mission E…

  • Opel најави нов спортски модел

    Opel најави нов спортски модел

    Германскиот производител „Opel“, кој од минатата година е под капата на групациајта „PSA“, го најави својот нов спортски автомобил. Последниот вистински „спортист“ од „Opel“ беше…