Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,012.39 -0.13%    CEVI 888.00 4.84%    GRNT 809.30 0.53%    KJUBI 1,550.00 0%    KMB 5,161.14 1.19%    KSPR 26.00 0%    MPOL 281.00 0%    MPT 43,499.91 0.25%    MTUR 4,600.88 -2.11%    OHB 6,300.00 3.28%    PPIV 45,508.14 3.17%    RMDEN08 96.50 0%    RMDEN17 96.00 0.05%    STIL 129.08 -0.26%    TEL 274.73 -0.82%    TNB 13,889.69 1.38%    TPLF 1,100.00 1.01%    TTK 999.00 0.63%    UNI 2,425.00 1.04%    USJE 22,662.00 3%    

Tip of the week: Крај на разговорот

Време: 12:26

Датум: август 10, 2017

Категорија: КОЛУМНИ

Во секојдневниот живот се соочуваме со разноразни комуникации. Сите тие најчесто би требало да завршат со некаква поента или дефинирање на следни чекори. Но, за жал, голем број комуникации завршуваат со недефинирани ставови или недоречености.

Едно е многу јасно, што и да правиме, секој разгоопр треба да знаеме дека започнал поради нешто и треба да заврши со нешто. Тој крај е она што ги дефинира следните чекори и насоки на делување, но и односи помеѓу тие што комуницираат. Имајќи го ова предвид, крајот на разговорот е особено важен и треба да му се даде посебно внимание, најчесто кај разговорите коишто се со тензична и напната динамика.

Нема некоја магична формула како да се стави крај на некој разговор, но дека треба да се биде екстра внимателен, треба! Сакам да споделам неколку совети, како да го сведете некој разговор при крај, а при тоа да не го навредите соговорникот:

– Имајте јасна агенда/цел – имајќи јасна цел, ви дава мотивација што сакате да постигнете по разговорот и кога сакате да го прекинете.

– Дефинирајте време уште на почетокот – убаво е ова да се каже, но тешко е да се спроведе. Но, ако на самиот почеток, во зависност од вашата положба и ситуација, кажете и дефинирате дека имате толку и толку време за овој разговор, тогаш сте во позиција, откако ќе измине тоа време, да кажете дека мора да привршувате.

– Затишје во разговорот – „ОК”, „дооообррооо”, „Значи” итн., се зборчиња кои се користат кога разговорот е со некаква слаба динамика. Тоа значи дека е прав момент да го привршувате разговорот.

– Враќање на разговорот на почеток – ако видите дека разговорот отишол предалеку, вратете го на првичната идеја, што пак може да ви овозможи да го завршите разговорот.

– Запознавање со други – доклку ви се укаже можност, личноста со која сакате да го завршите разговорот на мирен и безболен начин, можете да го запознаете со некоја личнпст. Така ќе може да го затворите разговорот и да отидете во некоја друга насока или, пак, побрзо да ги дефинирате следните чекори.

– Менување на тема – промена на тема, некоја која можете побрзо да ја затворите може да ви помогне во тоа како да го прекинете разговорот. Тоа ќе ви помогне за крај на разговорот, но на крај дефинирајте го она што сте го зборувале.

– Инволвирање на други – доколку разговорот има лош тек, убаво е да инволвирате други или да дадете насоки за продолжување подоцна на истата тема, но и во присуство на други луѓе.

– И како за крај: употребете реченици за крај на разговорот – еднпставно, доколку се од погоре напишаното или тоа што не е напишано не ви помогне, тогаш затворете го разговорот. ДА, колку и да звучи грубо, разговорот мора да се затвори.

Ми беше драго што го прочитавте овој текст!

 

Со успех во промените,
@kalin.babusku

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-export.com

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Мисла на неделата – да сте живи и здрави!

    Мисла на неделата – да сте живи и здрави!

    Убав поздрав нели, “да сте живи и здрави”. Народната мудрост низ вековите, а и секој човек лично, вели дека здравјето е бесценето и дека е…

  • Мисла на неделата –гранки се зеленат

    Мисла на неделата –гранки се зеленат

    Најчесто низ Скоје се движам со јавен превоз односно со автобусите на ЈСП и приватните сопственици. И ако мене ме прашувате сметам дека јавниот автобуски…

  • Мисла на неделата – куме ти изгоре кесето

    Мисла на неделата – куме ти изгоре кесето

    Не е ова писание за кумот, туку за името е. Не можам и да сакам да ја завртам главата или да ја ставам во песок…

  • Мисла на неделата – пет крвави мајмуни

    Мисла на неделата – пет крвави мајмуни

    Имав можност да учествувам на еден семинар (службено) и таму еден уважен хрватски професор ни раскажа за експериментот со пет мајмуни. Оди отприлика вака. Во…

  • Мисла на неделата –УА свиркачи

    Мисла на неделата –УА свиркачи

    Не, не е овонеделниов напис за политика или никакви закони или слично. Туку е против прекумерната употреба на автомобилските свирки (сирени) во секојдневниот сообраќај и…

  • Мисла на неделата – Морален распад

    Мисла на неделата – Морален распад

    И си беше една ТВ презентерка која затаила данок. Се покаја си плати казна и никому ништо. Си беше и еден доктор кој призна (откако…

  • Мисла на неделата – Паркови на транзицијата

    Мисла на неделата – Паркови на транзицијата

    Во (веќе далечната) 2006-та година бев на годишен одмор во Република Албанија. Интересно ми беше што на самата плажа на поедини места имаше бункери.  Да,…

  • Мисла на неделата -Прогресивен данок, да или не?

    Мисла на неделата -Прогресивен данок, да или не?

    Во насока на подржување на јавната расправа околу воведување на прогресивен данок на добивка е и овонеделната Мисла на неделата со што сакам да го…

  • Tip of the week: Преземање на иницијатива

    Tip of the week: Преземање на иницијатива

    Сe помалку и помалку има јунаци кои ќе преземат некаква иницијатива за да се започне некоја работа, а камоли и да се заврши. Цело време…

  • Tip of the week: Кога не иде, не иде…

    Tip of the week: Кога не иде, не иде…

    Повеќе пати сме се нашле во ситуација кога колку и да сакаме некоја работа да испадне како што треба, едноставно не ни успева во намерата.…