13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУтре без струја делови од повеќе скопски населби

Утре без струја делови од повеќе скопски населби

Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје информира дека утре без струја ќе останат дел од корисниците на повеќе скопски населби, поради технички зафати на „ЕВН Македонија“.

Во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе останат корисниците од ул. Малина Попиванова, Општина Кисела Вода, во периодот од 8 до 13 часот корисниците од дел од Кучевишка Бара, фирмата Дрво Метал и патот за Радишани, Општина Бутел.

Во периодот од 9 до 11 и 30 часот без струја ќе останат корисниците од објектот на Свед Милк во населба Илинден, во периодот од 8 до 12 часот корисниците од ул. Христо Татарчев – делот кај задна постојка на линија 24 и подулиците 2, 4, 6 и 15 и околината во Општина Кисела Вода и во периодот од 8 до 15 часот корисниците од делови од улиците Петар Драганов, Софиска, Копенхагенска и Бриселска, Општина Карпош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП