ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордни цени на путерот во Европа

Рекордни цени на путерот во Европа

Цените на путерот во Европа достигнуваат рекорди поради промената во прехранбените навики кај луѓето.

Млечните гиганти, од друга страна, предупредуваат дека на Европа ѝ се заканува недостиг на овој продукт.

Според податоците на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, цената на путерот во јуни скокнала за 14 отсто.

Во Европската Унија резервите на путер на крајот на мај паднаа на 1,39 илјада тони и практично исчезнале во однос на 92,55 илјади тони во мај минатата година.

За скок на цената на путерот има две причини – првата е сè пониската цена на откупните цени на млекото во Европа, а втората е што медицинските истражувања покажуваат дека путерот е поздрав од маргаринот.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП