4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцуската централна банка останува оптимист за економијата на земјата

Француската централна банка останува оптимист за економијата на земјата

Економијата на Франција ќе го задржи во третиот квартал доброто темпо на растот од претходните три месеци во позадина на стабилниот пораст на индустриската активност кај некое слабеење на бизнис активноста во сферата на услугите и во градежништвото. Ова го покажуваат резултатите од последното истражување на Француската централна банка, цитирано од „Ројтерс“.

Централната банка на втората по сила економија во еврозоната очекува БДП-то да порасне во третиот квартал за 0,5% во однос на претходните три месеци, кога исто така беше забележан раст од 0,5 отсто.

Претходно националната статистичка агенција „INSEE“ објави дека очекува економскиот раст на Франција оваа година да се зголеми за 1,6 отсто – најсилниот раст од 2011-та година, со оглед на изјави дека очекува економски раст во Франција оваа година од 1,6%, најсилниот од 2011-та година, а надворешната трговија ќе опадне со помала стапка од очекувањата, а невработеноста исто опаѓа.

Основата на централната бнака за прогнозата на доброто темпо на раст го дава индексот на институцијата кој ја мери француската индустриска активност, кој во јули се врати на 6-годишниот врв од 105,0 поени, достигнат во текот на месеците април и мај, додека очекувањата на финансиските пазари беа за негова стабилизација во јунските ниво од 103,0 поени.

Француската централната банка истакна дека учеснички во студијата, менаџери од индустријата, очекуваат континуирана експанзија на производството и во август.

Индексот, ја оценува активноста во сферата на услугите, која се намали слабо во јули до 99 поени од 100 поени во претходниот месец, а раководителите во секторот прогнозираа зголемување на бизнис активноста во овој месец.

Аналогно индексот во градежната сфера исто бележи извесно намалување од 103 до 102 поени, но и во овој сектор се очекува одредено подобрување во август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП