28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕ-пратките го зголемија профитот на Deutsche Post

Е-пратките го зголемија профитот на Deutsche Post

Германската логистичка групација Deutsche Post ја потврди својата годишна прогноза за работењето, откако објави солидни резултати за вториот квартал од 2017 година.

Приходите пораснаа врз база на приходите од е-трговијата.

Групацијата со седиште во Бон, забележа нето добивка од 602 милиони евра во периодот од април до јуни, или за 11,3 проценти поголема во однос на истиот пeриод минатата година, а во склад со прогнозите на аналитичарите кои учествуваа во анкетата на компанијата Фактсет, пренесува агенцијата Франс прес.

Оперативната добивка ги надмина очекувањата со растот од речиси 12 проценти на 841 милион евра, што е рекорден резултат на групацијата за вториот квартал некогаш забележан.

Deutsche Post наведе дека нејзиниот сектор за достава на пакети профитирал од постојаниот раст на онлајн купувањето, а раст е забележан и во нејзиниот сервис за меѓународни експрес пратки, при што и двете единици придонеле за зголемување на приходите за 4,4 проценти на 14,8 милијарди евра.

Меѓутоа, обемот на традиционалните поштенски услуги на домашниот пазар во Германија продолжил да се намалува.

Deutsche Post настојува да го зголеми оперативниот профит на 3,75 милијарди евра во 2017 година, во рамките на долгорочниот план за зголемување на добивката за по осум проценти секоја година во периодот од 2013 до 2020 година, наведува Франс прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП