7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJapan Display подготвува голема сеча на вработените

Japan Display подготвува голема сеча на вработените

Компанијата „Japan Display“ соопшти дека ќе угаси 3,700 работни места, што е околу 30 проценти од нејзината работна сила.

Овој производител на екрани за паметни телефони забележа загуба во изминатиот квартал.

Наведувајќи дека на пазарите владее жестока конкуренција, компанијата од Токио прецизирање дека ќе угаси 3,700 позиции во фабриките во странство и уште 240 работни места во Jапонија, пренесува агенцијата АФП.

Се очекува дека отказите, кои опфааат речиси 30 проценти од вкупно 13.100 работници, ќе и донесат на компанијата годишна заштеда од 50 милијарди јени (455 милиони долари).

„Japan Display“ беше креирана во 2012 година со спојување на одделениjата за производство на LCD екрани на компаниите „Hitachi“, „Sony“ и „Toshiba“, и заостанува зад своите странски ривали, бидејќи оваа индустрија се заврте кон новите технологии.

„Во вакво опкружување, „Japan Display“ има вишок производен капацитет кој претставува значаен товар за фиксните производни трошоци на компанија. Затоа компанијата утврди дека мора да го реформира својот производен систем, за да го прилагоди пазарот кој се менува и да го намали нивото на фиксни трошоци“, се наведува во соопштението.

Денешното соопштение доаѓа откако компанијата прокнижи нето загуба од 31,5 милијарди јени во кварталот април-јуни, шт е речиси три пати повеќе од загубата заблежана во истиот квартал минатата година, додава француската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП