6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес сончево и многу топло, температурите до 42 степени

Денес сончево и многу топло, температурите до 42 степени

Сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец.

Минималните температури ќе се движат од од 14 до 22 степени Целзиусови, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 32 до 42 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со вредност 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи до 20, а највисоката дневна температура преку денот ќе достигне до 40 степени.

И во петок ќе се задржи претежно сончево и многу топло време со натпросечни температури на воздухот.

Во сабота во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура се уште ќе се задржи висока. Во вечерните часови и преку ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд и грмежи, а најобилни врнежите се очекува да бидат во североисточните делови.

Во недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, на места и за повеќе од 10 степени во однос на сегашната.

Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП