22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата заедно со Асоцијацијата на такси превозниците ќе ги подобрува условите за...

Владата заедно со Асоцијацијата на такси превозниците ќе ги подобрува условите за работа на такси компаниите

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, заедно со заменик претседателот на владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, и со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, денеска се сретнаа со претставници на Асоцијацијата на такси превозници.

Претставниците на асоцијацијата, во името на 53 такси компании од Република Македонија, ги истакнаа проблемите со кои се соочуваат во својата работа и побараа измени во постоечката законска регулатива и нејзино прилагодување на реалните состојби во такси превозот.

Премиерот Заев покажа разбирање за нивната иницијатива, изрази добра волја и подготвеност за соработка. Во таа насока премиерот Заев  предложи насоки како да се излезе во пресрет на изнаоѓање разумно решение за решавање на проблемите на такси превозниците и да се подобрат условите за работа на такси компаниите.

Претседателот на Владата на РМ ги повика и претставниците на асоцијацијата да земат активно учество преку постојана и интензивна комуникација за да придонесат со свои предлози во изработка на ефикасно и заедничко прифатливо решение.

Претставниците на Асоцијацијата на такси превозници во оваа прилика посебно ја истакнаа одличната соработка која што во континуитет ја имаат со министерството за внатрешни работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП