3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини

Зголемен интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози.

На регионалниот пат Р106, патен правец Градско – Прилеп од 28 до 45 км, до сабота ќе има градежни активности – замена на еластична ограда.

Се препорачува на учесниците во сообраќајот да ја почитуват поставената сигнализација за работа на пат и внимателно да управуват со своите возила.

На патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до м.в.Острово,сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП