23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина го раскина договорот со Русија за извоз на оружје

Украина го раскина договорот со Русија за извоз на оружје

Владата во Киев го раскина меѓувладиниот договор со Русија за соработка во извозот на вооружување и воени техники на трети пазари, пренесува ТАСС.

Преку договорот, потпишан во 2003 година, а кој украинската влада го одобри на 24 март 2004 година, двете страни се обврзаа дека ќе одржуваат и развиваат кооперативни односи на планот на развојот и производството на воени техники, пренесува ТАСС.

Исто така, двете земји се обврзаа дека ќе соработуваат во извозот на воено вооружување на трети пазари.

Украинскиот претседател Петро Порошенко во 2014 година забрани соработка со Русија кога станува збор за воена индустрија, додава ТАСС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП