ПочетнаЕКОНОМИЈАКатар ги укина визите за граѓаните на 80 држави

Катар ги укина визите за граѓаните на 80 држави

Катар објави дека ги укинува визите за државјаните на 80 земји со цел развој на туризмот и авиосообраќајот, а одлуката стапува во сила веднаш.

Од денеска граѓаните на 33 држави ќе може да останат во Катар 180 дена без виза, а од другите 47 држави ќе може да останат во земјата 30 дена.

На листата со држави се Велика Британија, САД, Канада, Индија, Јужна Африка, Сејшелите, Австралија и Нов Зеланд.

На списокот се и земји членки на шенген-просторот, како и други западни, латиноамерикански и азиски држави.

Либан е единствената арапска држава која се наоѓа во Заливот, а ја има на списокот.

На странците за влез во земјите од Персискиот Залив најчесто им е неопходна виза која се издава под строги критериуми.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП