16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХипотекарните гиганти Fannie и Freddie може да имаат потреба од 100 милијарди...

Хипотекарните гиганти Fannie и Freddie може да имаат потреба од 100 милијарди долари при криза

Американските хипотекарни гиганти „Fannie Mae“ и „Freddie Mac“ може да имаат потреба од близу 100 милијарди долари спасувачки фонд во случај на нова економска криза, покажуваат резултатите од стрес тестот, објавен во понеделникот од нивниот регулатор и цитирани од „Bloomberg“.

Компаниите ќе бидат принудени да побараат меѓу 34,8 милијарди и 99,6 милијарди долари од американското Министерство за финансии при „силно негативно сценарио“ во зависност од начинот на кој се грижат за својот имот, посочуваат од Федералната агенција за финансирање во домување ( FHFA).

Исто како и други големи американски финансиски компании „Fannie“ и „Freddie“ се обврзани да прават годишни тестови кои ги проверуваат способностите да се справат со голема рецесија.

Резултатите од тестовите најверојатно ќе се користат како аргументи како од приврзаниците на зголемувањето на капиталните фондови на компаниите, така и од оние кои сметаат дека ваквите напори не се потребни.

Според сегашните услови на договорите за спасување на „Fannie“ и „Freddie“ од претходната криза двете компании треба да ја пренесат речиси целата добивка на Министерството за финансии во форма на дивиденди. Во моментов компаниите имаат право да одржуваат капитални амортизери од 600 милиони долари, а се предвидува следната година овие амортизери да отпаднат.

Директорот на „FHFA“, Мел Ват е против елиминацијата и најави дека може да им овозможи на компаниите да натрупаат познат капитал. Добивката која останува во двете компании, би била доволна само за заштита од мали загуби, но не и од голема криза, предупредува Ват и други вработени на „FHFA“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП